Летото е веднаш зад аголот и сите не фаќа носталгија
кон тоа совршено бикини тело. Иако сум релативно нова во вежбањето и фитнесот,
сепак имам тренирано одбојка 2 години, па колку-толку имам некакво искуство и
сакав да ги споделам вежбите кои мене ми помогнаа, мојата фитнес рутина која
јас ја практикувам и мотивација како да бидете упорни за да ја достигнете
вашата цел.
Јас вкупно вежбам 4 пати неделно во теретана, а останатите денови од дома. Од дома
ги следам видеата на blogilates,
затоа
што не е потребна никаква опрема. Рутината ја започнувам со кардио - 10 минути
на трака, 10 минути на велосипед.
Потоа
следуваат вежбите, но најмногу се посветувам на пределот на стомакот бидејќи тоа е мојата проблематична област.
Тоа се најчесто:
1)
Стомачни – (50 повторувања)
2)
Bicycle
crunches – (50 повторувања, по 25 на секоја страна)
3)
Mountain
climbers - (25 на секоја нога)
4)
Leg
raises – (25 повторувања)
5)
Plank
(1 минута)
6)
Ова е дополнително но јас обожавам да
скокам на јаже и обично скокам по неколку минути
Ова не е постојана
рутина и не ја правам постојано истата, обично додавам и некоја друга вежба. А
доколку не сакате да трошите пари за теретана (затоа што тоа знае да биде многу
скапо), можете да најдете други активности. Се приближува летото и со тоа и
убавото време па можете да излезете и да шетате. Не зборувам за некакво трчање
туку и наједноставна прошетка од 30 минути, со пријателка или пак вашето
милениче. Друг совет е пиење не вода, јас додека вежбам пијам 1,5 литри вода. И
секако треба да се внимава и на јадењето, да се јаде чисто без никакви калории
и газирани сокови. Доколку сакате може и да објавам неколку идеи за здрав
појадок, затоа што знам кај мене дека ако почнам со нездрав појадок ја губам
секоја желба понатаму да се хранам здраво.
И за крај не
заборавајте да се сакате себеси какви што сте! Целта на здравото хранење не е
во држењето на диети и изгладување, туку во водење на здрав животен стил.
xoxo


No comments :
Post a Comment